На снимање на сет од филмот „Раст“ во Ново Мексико, познатиот холивудски актер 68 годишниот Алек Болдвин смртно ја застрела директорката на фотографија 42 Халина Хачинс и го рани 48 годишниот режисер Џоел Соуза, јавија странските медиуми. Првичните информации се дека актерот не знаел дека во оружјето имало вистински куршуми.

Како што објави порталот „Deadline“, инцидентот се случил за време на проба,во дрвена црква која биле наменски направена за снимањето, а главниот актер Болдвин пукнал со пиштолот несвесен дека ќе ги повреди неговите колеги.

Инцидентот го потврди и портпаролот на продукцијата кој рекол дека настанот се случила грешка. Снимањето на вестерн филмот е прекинато, а филмкиот град е ставен во блокада.

Од продуцентската куќа информираа дека целата актерска екипа е во шок ,а снимањето на филмот е запрено. Екипата потврди дека целосно ќе соработува во истрагата на полицијата во Санта Фе за расчистување на несреќата.

Канцеларијата на шерифот ја потврди инфомрацијата дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Раст“: „Се обидуваме да утврдиме како се случил настанот и каков вид муниција се користел во огненото оружје“, соопштија од полицијата. Канцеларијата на шерифот досега не поднела обвинение против никого во врска со пукањето.