Испалувајќи куршум од реквизитот актерот Алек Болдвин (68) на снимањето на филмот во Ново Мексико ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштила полицијата.

Advertisements

Инцидентот се случил за време на снимањето на „Rust“, пишува во соопштението на шерифот на округот Санта Фе.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Rust“. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) беа застрелани кога куршумот од реквизитот го испукал продуцентот и актер Алек Болдвин (68)“, се вели во соопштението.

„Деталите се нејасни во овој момент, но работиме да дознаеме повеќе и поддржуваме целосна истрага за овој трагичен настан“, изјавија претседателот на кинематографскиот сојуз, Џон Линдли и извршната директорка Ребека Рајн.

Полицијата соопшти дека замениците на шерифот биле испратени на ранчот Бонанца Крик околу 13:50 часот по локално време (19:50 часот по Гринич) откако добиле итен повик за пукање на снимање, пренесува Би-Би-Си.

Г-дин Болдвин е копродуцент на филмот и го игра неговиот имењак, одметник чиј 13-годишен внук е осуден за случајно убиство.

Прикажи повеќе