Желино е една од општините, која на последните локални избори направи политичка ротација, додека на овие избори во вториот круг се натпреваруваат Фатмир Изаири од ДУИ и Блерим Сејдиу од Движењето БЕСА.

Блерим Сејдиу од Беса, првично кажа дека гласачот бил злоупотребен, а нагласи дека била злоупотребена и полицијата и дека според него, неговиот противкандидат го знае тоа.

Сејдиу рече дека добил вкупно 3900 гласови во првиот круг, додека изрази убедување дека ќе победи во вториот круг, пишува Алсат.

„Добивме 3900 гласови. На овие избори гласачот беше злоупотребен. Полицијата исто така беше злоупотребена, мојот противкандидат го знае тоа. Имаше закани, но не случајно ние сме таму каде што сме на овие избори. Ќе победиме на општинските избори. Очекувам поддршка од граѓаните затоа што, ќе коалицираме со нашите граѓани “, рече Сејдиу.