Кандидатот за градоначалник на општина Aеродром од партијата ТМРО, Миле Петковски вечерва ја напуштил дебатната емисија „24 анализа“, поради денешен инцидент, во кој му биле исечени гумите од автомобилот.

-Во знак на револт ќе ја напуштам вашата емисија. Ви благодарам за поканата, им посакувам успех на кандидатите. Сѐ уште не можам да се соземам и сакам да бидам дома со семејството. Не знам што се случува. Не верував дека такви ниски удари можат да се даваат кај нас. Се надевам дека ќе се дознае кој е, по што ќе објавам јавно, рече Петковски.