Соња Михајловска
Иако тој е скромен, сепак резултатите зборуваат јасно за него. Резултати постигнати во еден мандат како градоначалник, кои за жал актуелната градоначалничка Теута Арифи не успее да ги постигне во два мандата.
Освен професионалниот воечаток, тој остави и силен воечаток како човек. Вработените во општината кажуваат дека никогаш не правел разлики на национална основа, ниту верска основа. Отворен за сите граѓани на општината, да ги слушне нивните маки и проблеми, и заеднички да изнајде решение. Во ниту еден момент не се однесувал како шеф или претпоставен, туку како колега со сите, а така и работел. Ако вработените во општината работеле по 8 часа, Сади Беџети работел по 16 часа. Се во функција на поуспешно остварување на зацртаните вели.
Сега е повторно кандидат и ја бара нашата подршка. Јас без никакво двоумење ќе го дадам гласот за господинот Сади Беџети. Бидејќи според мое мислење, повеќе општина Тетово и нејзините граѓани имаат потреба за добар менаџер како Беџети, отколку што тој има потреба за градоначалничката позиција.
Противниците лажно го обвинуваат демек е со ДУИ, со овој или оној, но тие што го познаваат одблиску, знаат дека господинот Сади Беџети е човек со достоинство, кому интересот ма граѓаните му е многу пред интересот на политичките партии.