Со прифаќањето на идејата за Отворен Балкан Северна Македонија ќе стане заложник на идејата на Слободан Милошевиќ дека Србија има право да се грижи за сите Срби без разлика во која држава живеат вели Петар Богојески, лидер на Македонски концепт во интервју за порталот zoom.mk додавајќи дека тој концепт ќе и даде легитиметет и на Албанија да се грижи за сите Албанци без разлика каде живеат.

Богојески тврди дека со тоа се суспендира правото на Северна Македонија да се грижи за сопствените граѓани Срби и Албанци, како демократско европско општество, каде не е битна етничката припадност на граѓаните бидејќи сите се еднакви пред законите.

„Букфално, идејата за Оворен Балкан, во темел ја руши идејата за граѓанска Македонија, а не враќа во романтизмот на Слободан Милошевиќ. Второ, сведоци сме на изјавите на српскиот претседател Вучиќ, а посебно на министерот Вулин, каде многу отворено кажа дека идејата на Милошевиќ е претопена од Голема Србија, во српски свет. Тоа значи дека Отворен Балкан е српски свет. Што значи тоа, дека и Албанија ќе добие право на албански свет, па ќе добиеме нов конфликт на Балканот“, се прашува Богојески.

Тој смета дека идејата на српски свет не почива само на национална основа, туку има и религирска димензија, на што инсистира Српската првославна црква, која манифестира насилие врз останатите религиозни заедници.

„Во Босна имаме судир со муслиманите, во Црна Гора си православните кои не сакаат да бидат под капата на СПЦ, во Косово исто така имаме судир со муслиманите, во Македонија имаме судир и со муслиманите и со христијаните од МПЦ.  На тој начин доаѓаме до еден фронт, кој не е само етнички, туку е и религиозен. Започнува од Сарајево, завршува во Скопје. Веројатно со главна експлозија на ситуацијата во Скопје, враќајќи го Балканот на времето на поделба на сфери на влијанија на христијански Балкан, под руско влијание, тоа е Ссрбија и Бугарија, и турскиот дел на Балканот, кој сеуште сме сведоци дека се обидува да најде доволно аргументи на унапредување на внатрешните односи посебно помеѓу конфециите, за да излеземе од омразата која постои од минатото“, истакнува Богојески.

Според него, Отвгорен Балкан ќе придонесе за ширење на руското влијание на Балканот и тоа преку ширење на евроскеприцизмот како и преку етничките и религиозните конфликти во регионот.

„Тие три конфликти се доволни силни и аргументирани, не само да го спфречат проширувањето на ЕУ на Балканот, туку и да го дестабилизираат и јужното крило на НАТО“, вели Богојески подввлекувајќи дека на тој начин се остваруваат желбите на Русија да нема мирен и стабилен Балкан.