Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска на митинг од Бутел пред граѓаните рече дека Заев потпишува се што ќе му се стави на маса, иронично кажувајќи дека во владата кога му носат дневен весник и него го потпишува, додавајќи дека тоа не е храброст, туку недостиг на достоинство.

Кога Заев ќе каже дека Европска Унија ќе ја донел во Македонија народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува 5 години по ред и ЕУ е се подалеку од Македонија. И тоа е затоа што Заев потпишува се што ќе му се стави на маса, па на шега велат дека кога во владата ќе му донесат дневен весник, и него го попишува, не е никаква храброст, туку недостиг на достоинство, мудрост и желба за крадење која е поголема од чувството да се брани државата и иднината на овој народ, вели Мицкоски од Бутел.