Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија со Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар, кој се трка за уште еден мандат како кандидат на Алијанса/Алтернатива. Ѓорчев воедно напиша:

-Подршка за доктор Арбен Таравари за градоначалник на Гостивар. Работа, проекти и резултати. Среќно докторе!.

Како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците/Алтернатива имаат договорено соработка на локалните избори за поддршка во одредени општини. Истиот договор го има СДСМ со ДУИ, Беса и ДПА.