Кили Шеј Смит, сопругата на актерот Пирс Броснан, сподели интересна фотографија од семејна прослава. Нејзиното драстично слабеење го привлече вниманието на јавноста.

Кили Шеј Смит првпат го привлече вниманието на јавноста во 2024 година, кога се појави со значително послаба фигура; некои медиуми објавија дека таа ослабела 45 килограми. Иако сопругата на актерот јавно не ги коментираше овие написи, нејзините најнови фотографии на Инстаграм говорат сами за себе.

Имено, Кили објави семејна фотографија на која се гледаат нејзиниот сопруг Пирс, нивните синови Дилан и Парис, како и нејзината 82-годишна мајка, Шерон, која го славеше својот роденден.

За таа пригода, таа избра црвен сатенски фустан што ја истакна нејзината витка линија. Фустанот, кој потсетува на стил на долна облека (т.н. „слип“ фустан), ја следеше линијата на нејзиното тело, нагласувајќи ја нејзината значително послаба фигура.

Изгледот го заокружи со впечатлива шминка, убаво средена фризура и дискретни модни додатоци. Нејзината насмевка, која ги воодушеви многумина, предизвика и лавина коментари.

Повеќето корисници на Инстаграм упатија комплименти за нејзиниот изглед, велејќи ѝ дека изгледа прекрасно.

Вреди да се напомене дека Пирс во неколку интервјуа изјавил дека ги обожава облините на Кили, опишувајќи ги негативните коментари за нејзиниот изглед како „злонамерни“ и „непотребни“. „Мислам дека злобните напади врз Кили се поради нејзината тежина. Не сакам манекенка покрај себе, туку вистинска жена“, рече тој, додавајќи колку ја обожава својата сакана.

„Да барав и милион пати, немаше да најдам жена толку добра како Кили. Кога ќе ме погледне, цел треперам. Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Таа поседува сила без која не би можел да живеам“, изјави тој во една прилика.