Во придружба на кандидатите за општински советници, вчера кандидатот за градоначалник на општина Чаир, од редовите на Алтернатива и Алијанса за Албанците, Беким Сали својата изборна кампања ја продолжи во населба Чаир.

– Денеска ја посетив мојата населба, кај зградите во Чаир. Така, имав можност повторно да се сретнам со многу соседи и пријатели, со кои ја потврдивме нашата намера да го направиме новиот Чаир. Оваа населба, некогаш една од најубавите во Чаир, се повеќе се соочува со недостаток на паркинг места. Ние ветивме дека на крајот од мандатот оваа тема ќе биде реализирана. Овие луѓе заслужуваат да живеат достоинствено, пишува Сали на својот фејсбук профил.