Приведен е човекот кој денеска со пиштол се шеташе низ ТЦ Бисер во населбата Аеродром, а за кој претходно беше предупредено на социјалните мрежи на кои беше објавена снимка.
-Пиштолот со кој ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, односно играчка, потврдија за Телма од МВР.
На социјалната мрежа Твитер, беше објавено видео од напаѓачот, кој во жолто заштитно елече и со пиштолот-играчка се движи по скалите во ТЦ Бисер од приземјето кон катот.
Некои од присутните мислеле дека се снима реклама или филм, но полицијата била алармирана и го фатила.