Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд денеска соопштија за 27 нови случаи на делта сојот на коронавирусот во Окленд, во кој граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата.
Британските медиуми јавуваат дека 1,7 милиони жители на Окленд во понеделникот ја чекаат владината одлука дали ќе останат и натаму „заклучени“ од остатокот на Нов Зеланд.
Дневниот број на случаи во последните денови варираше меѓу осум и 45, а вкупниот број на заразени во градот е 1 295.
Кон средината на август, премиерката Џacинда Ардерн го воведе тоа што требаше да биде „кратко и остро“ затворање на земјата, како одговор на појавата за заразата во Окленд, но додека остатокот од земјата се врати во нормалниот животен ритам, градот од северниот остров остана „заклучен“ веќе седум недели.