Актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари во вечерашната изборна дебата на ТВ21 истакна дека побарал од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да не се кандидира, затоа што веќе 20 години е активен во политиката.

Сепак Ахмети не прифатил и побарал од него да се кандидира повторно.

„Да побараше Ахмети да се повлечам, ќе се повлечев. Што се однесува до мојот противкандидат Фатмир Лиманим тој доаѓа од ДУИ, а сега е независен. Гледам дека има поддршка од мои сопартијци, но сепак граѓаните ќе ме гласаат мене. Сум слушнал дека Изет Меџити дава поддршка на Лимани, но тоа не е потврдено од него, сум гледал само слики на социјалните мрежи“, додава Дехари.