Изборниот штаб на ДУИ објави видео реклама на социјалните мрежи, каде што млади девојки се заблагодаруваат на Али Ахмети како најзаслужен што извадиле изводи од матичната книга на родените. Ова видео стана хит на фејсбук, каде што се редат коментари со потсмев на нивна сметка.

Како ова да не беше доволно, ДУИ истовремено пуштила и друга видео-реклама, во која сега млади момчиња се заблагодаруваат на Ахмети како заслужен за нивните лични карти, објави Алмакос.

И двете видео реклами се снимени со млади жители на тетовското село, Слатино.