Aмериканскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Бајден изразил силна поддршка за продолжување на процесот на пристапување на земјите од западен балкан во Европската унија, се вели во соопштението.

Лидерите на еу и балканот ќе се состанат во среда за да разговараат за идното членство на шесте балкански земји: Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија.

Се очекува во заедничката изјава од состанокот да биде потврдено дека еу го гарантира идното членство на шесте земји, изјавија вчера двајца високи претставници на ЕУ.