Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претпладнево ја почна дводневната официјална посета на Грција, што воедно е и прва на највисоко ниво меѓу двете држави, со оглед на тоа дека досега ниту еден претседател на нашата земја не ја посетил Атина ниту, пак, некој грчки претседател бил во Скопје.

Со државни и воени почести, пред Претседателската палата во Атина, Пендаровски беше пречекан од претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.