Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски одржа прес коференција, на која порача дека граѓаните на оваа општина се жалат на сообраќајниот хаос.

-Во моментов се наоѓам во населбата „Даме Груев” на крајот од улицата „Лука Геров”. Во мојата изборна програма во соработка со Градот Скопје, предвидено е решение за деценискиот проблем којшто го имаат жителите на овој дел од општината.

Предвидено е продолжување на улицата „Лука Геров”, од населбата „Даме Груев” кон Стопански двор, со што ќе се избегне сообраќајниот хаос, што во моментов го трпат жителите на населените места „Ново Село” и „Кисела Јабука”.

Во урбаниот дел од општината предвидена е изградба на два нови кружни текови. Од којшто првиот на влезот од општината Ѓорче Петров, односно на влезот во градот Скопје, и вториот кружен тек помеѓу булеварот „Македонска војска” и улицата „Ѓорче Петров”, порача Стојкоски.