Од денеска личната карта повеќе нема да важи за влез во Обединетото Кралство, што значи дека во иднина граѓаните од ЕУ и од Швајцарија ќе мора при влез да ги покажат своите пасоши, што е меѓу последните последици од Брегзит.

Advertisements

Британското министерство за внатрешни работи посочува дека оваа промена ќе овозможи „организирани криминални банди и други лица да бидат спречени да го злоупотребуваат системот“, бидејќи личните карти, како што вели, се „незаштитен“ документ.

Бројките на министерството покажуваат дека 48 проценти од фалсификуваните документи откриени на границата со Обединетото Кралство во 2020 година се европски и швајцарски лични карти. Овие документи „полесно се фалсификуваат отколку пасошите“, рече министерството, а некои „немаат биометриски податоци“.

Прикажи повеќе