Поранешниот еврокомесар и поранешен специјален пратеник за верски права Јан Фигел го посети Орце Камчев во затворот во „Шутка“. Изјавил дека неговиот случај отвора многу прашања за владеењето на правото во Македонија. Сепак, министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека ова е многу врева за ништо. Ова тој го кажа во „Утрински брифинг“.

Многу врева за ништо, има една драма од Шекспир. Мислам дека целата таа приказна е пренапумпана во јавноста веројатно со некаква цел. Средбата на Фигел со Орце Камчев е на барање на адвокатот на Камчев, кажа за Утрински Брифинг, министерот за правда Бојан Маричиќ  во врска со посетата на поранешниот еврокомесар и поранешен специјален пратеник за верски права Јан Фигел кој инсистирал да влезе во затворот во Шутка и да го посети Орце Камчев.

-Бев известен, побаравме информации од Европската комисија и од Словачката амбасада, нему сите фунции му се веќе одминати. Се работи за приватна иницијатива и од судот имале дилема дали во моментов има некаква функција. Проверено е и утрдено е дека нема функција. Немаше одобрение од судот во одредено време, потоа е дозволено. Ниту јас ниту еврокомесарот Вархељи не сме ургирале кај никого за да се случи или не се случи посетата, тоа се шпекулации, објаснува министерот за правда Бојан Маричиќ.