Во делчевското село Бигла во тек е акција за гаснење на пожар кој избувнал во просториите на пиланата „Леска“ во близина на регионалниот пат Делчево – Бигла – Виница.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Делчево со неколку возила се на терен со цел пожарот целосно да го локализираат.

Пожарот е пријавен околу 18 часот, а случајот е пријавен и во делчевската полиција. Засега нема информации за причините за пожарот.