Претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ, во трката за градоначалник на Куманово ќе го поддржи независниот кандидат Максим Димитриевски, кој од матичната партија СДСМ не доби поддршка за втор мандат.
На почетокот на изботната кампања за локалните избори што ќе се оддржат на 17 октомври, Стоиљковиќ се појавил со Димитриевски и со тоа официјално ја потврдил поддршката на ДПС за неговата кандидатура за градоначалник на Куманово.
Стоиљковиќ како пратеник во Собранието ја поддржуваше владата на Никола Груевски, која со нејзината политика ја оддалечи земјата од западните партнери и отворено кокетираше со Русија и Кина.
Исто така, тој отворено ги поддржува политиките на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во последно време отворено зборува за проектот обединување на српскиот свет, кој предвидува создавање на Голема Србија во која е предвидено да влезе и Северна Македонија.
Освен тоа, Стоиљковиќ има добри односи и со партијата на рускиот претседател, Владимир Путин, единствена Русија, со која дури има потпишано и договор за соработка.