Џевдет Хајредини, кој е поранешен министер за финансии, во гостувањето на Телевизија 24, во емисијата Студио 10, изјави дека Зоран Заев му дал моќ на Артан Груби.
-Тој поседува „бомби“ за сите функционери на ДУИ. И првиот човек на ДУИ, Ахмети има „бомби“. Таква „бомба“ разнесе двајца политичари откако му кажаа на говорница на Груби дека е хулиган, истакна Хајредини.
Некогашниот шеф на финансии тврди дека „бомбите“ се за работи кои се случувале во 2008 и 2009 година.