Ибн Емшиу во пожарот во модуларната Ковид болница во Тетово ги загубил својот брат и татко. Иако како што вели добива закани, сепак е решен да ја открие, како што вели вистината. Тој тврди дека во тетовскиот Ковид центар му барале пари да се грижатза неговиот брат. Плаќал по 1000 денари дневно за нега на неговиот брат кој биледувал од церебрална паразила.
-Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно.” Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу.
Сторијата на Дојче Веле на следниот ЛИНК