Авион со 134 патници и членови на екипажот, на линијата на Цирих-Ларнац, бил принуден непланирано да слета во Австрија откако еден патник се заклучил во тоалетот и одбивал да излезе.
Advertisements
Станува збор за педесетгодишен граѓанин на Русија кој во тоалетот влегол непосредно по полетувањето. Пилотот, поради безбедносни причини одлучи да го слета авионот на аеродромот во Грац, соопшти граничната полиција, додавајќи дека патникот соработувала и го напушти тоалетот по непланираното слетување.
По барање на капетанот, патникот бил изнесен од авионот, а потоа и спроведен во полициска станица.