Илјадници каталонски сепаратисти излегоа денеска на улиците на Барселона, на првиот масовен собир од почетокот на пандемијата, а пред претстојните разговори со шпанската Влада.
Advertisements
Сакајќи да покажат единство пред преговорите со Владата во Мадрид, и покрај поделбите во нивните редови, демонстрантите, кои го поддржуваат отцепувањето на Каталонија од Шпанија, маршираа со знамиња и транспаренти во центарот на Барселона.
Собирот следува откако регионалните власти ги олеснија мерките за заштита од ковид-19.
Преговорите меѓу централната шпанска и регионалната каталонска влада треба да се одржат наскоро, со цел надминување на политичката криза што трае од 2017 година. Датумот за преговори не е прецизиран се уште, а очекувањата се мали, бидејќи каталонските сепаратисти бараат референдум за независност.
Партиите што ја поддржуваат независноста на Каталонија се поделени по прашањето за преговори. Водечката про-сецесионистичка партија смета дека преговорите се најдобриот начин за решавање на кризата, додека другите две страни сметаат дека нивната цел може да се постигне само со друг едностран потег на каталонските власти.
Со години каталонското општество е поделено на жестоки сепаратисти и оние кои сакаат Каталонија да остане дел од Шпанија.