Истражување спроведено на над 600 000 луѓе за ковид и вакцините, покажува дека невакцинираните луѓе имаат 4,5 пати поголема веројатност да се заразат со вирусот, 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани поради ковид и 11 пати поголема веројатност да починат како последица на ковид, отколку вакцинираните.

Advertisements

Се работи за податоци дбиени од големо истражување на Американскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), пренесува тв мрежата Си-ен-би-си.

„Студијата испитуваше случаи на инфекција со коронавирусот, хоспитализација и смрт во 13 сојузни држави, по што се откриени дополнителни докази за моќта на вакцинацијата“, вели директорката на ЦДЦ, д -р Рошел Валенски.

Студијата е спроведена на 600 000 заразени возрасни лица, а податоците се собрани од 187 болници во 13 американски држави.

Истражувањето вклучува и податоци од последните два месеци, кога високопреносливиот вид на делта-сојот стана доминантен во САД. Се покажа дека, покрај драматично зголемената заштита од смртни случаи поврзани со коронавирусот, вакцината штити и од инфекција и хоспитализација.

Д -р Валенски вели дека, во споредба со вакцинираните луѓе, оние кои не биле вакцинирани имале приближно 4,5 пати поголема веројатност да добијат ковид -19 и повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани.

Според ЦДЦ, околу 54% од САД популацијата е целосно вакцинирана.

Студијата е објавена вчера во неделниот извештај за морбидитет и морталитет.

Претседателот Џо Бајден во меѓувреме претстави широк план за зголемување на стапката на вакцинација против ковид-19 во САД, во кој една од точките е приватните работодавачи да ги имунизираат своите вработени, како и задолжителна вакцинација за вработените во федералните служби, хнорарците и здравствените работници.