Здравствените власти во САД веруваат дека вакцината против ковид-19 на компанијата „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години може да биде одобрена до крајот на октомври, изјавиле денеска два неименувани извори за Ројтерс.
Advertisements
Временската рамка се заснова на очекувањето дека „Фајзер“ кој ја развил вакцината со германскиот„ Бионтек“, до тогаш ќе има доволно податоци од клинички испитувања за да побара од американската администрација за храна и лекови (FDA) за итно одобрување (EUA) на вакцината за оваа возрасна група до крајот овој месец, велат извори што ги пренесува Ројтерс.
Тие очекуваат ФДА да донесе одлука дали вакцината е безбедна и ефикасна кај помалите деца во рок од три недели од поднесувањето на ЕУА.
„Ако ‘Фајзер’ го достави својот документ ЕУА до крајот на септември, а податоците ја потврдат безбедноста за употреба, „одобрувањето би можело да се случи во првите неколку недели од октомври … Производот на ‘Фајзер’ најверојатно ќе биде спремен“, пренесува Ројтерс изјава на неименуван извор кој ј цитира изјавата на главниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи.
„Фајзер“ веќе има одобрена вакцина за дец над 12 години.