Во самоубиствен терористички напад со киднапирани авиони врз Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон и на полето во американската држава Пенсилванија загинаа 2.752 луѓе.
Зградата на Пентагон беше значително оштетена, а двете кули високи 410 метри во деловниот њујоршки кварт Менхетн беа целосно урнати.
На 7 октомври, обвинувајќи го Осама бин Ладен, водачот на исламските екстремисти, кој се криеше во Авганистан, за организирање на нападот, САД почнаа со бомбардирање на Авганистан.
Бомбардирањето се претвори во најдолгата американска војна, од која Американците конечно се повлекоа нешто помалку од две недели пред 20-годишнината, а талибанците против кои се бореа се вратија на власт во таа земја.
По повод 20-годишнината од нападот, американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе присуствува на церемониите на сите три места на нападот, во Њујорк во близина на меморијалниот центар изграден на местото на урнатите кули, на теренот во Пенсилванија и во Пентагон.