За време на расправата за кандидат за нов член на Централната изборна комисија на Бугарија од Има таков народ, претседателот на државата Румен Радев соопшти дека распуштањето на Националното собрание е прашање на денови.

Радев не прецизираше кога тоа може да се случи и да закаже предвремени парламентарни избори. Според него, за да има фер, транспарентни и достапни избори, работата на ЦИК е од исклучителна важност. Тој нагласи дека за ефективната работа на ЦИК е важна транспарентноста во нејзината работа.

„Изборите се столб на демократијата и од нив зависи да има демократски и легитимни институции“, рече бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев ја одобри кандидатурата на Гергана Стојанова со која таа стана нов член на ЦИК од квотата на „Има таков народ“.