Претседателот на државата, Стево Пендаровски пристигна во Тетово да изрази солидарност кон граѓаните.

Тој потенцираше дека не смее да се дозволи истрагата да трае со месеци.

„Не смееме да дозволиме истрагата да трае со месеци. Потребен е брз и темелен одговор без паузи во истрагата. Државата барем сега не смее да падне на овој испит, вчера славевме 30 години независност, треба да покажеме дека ја заслужуваме таа државност со сите нишани“, истакна Пендаровски.