Директорот на судската медицина Александар Станков, за ТВ21 кажа дека во моментов целиот институт работи на случајот со починатите пациенти од ковид болницата од Тетово.

Синоќа биле донесени 14 тела, и досега биле изработени 4 обдукции, и како што вели Станков, целата идентификации би требало да заврши до утре, најдоцна до сабота.

„Синоќа се донесени 14 тела на загинати лица, веднаш се формирани тимови, почнавме со работа, досега се изработени 4 обдукции, работат тимовите на другите. Планираме да ги завршиме денеска, би требало целата идентификација да заврши до утре, најдоцна до задутре.

Ја отежнува работата фактот што лицата се позитивни, но како што досега работевме во време на целата пандемија, имавме заштита за сите во салата, се знае кој влегува, кој излегува, се врши дизинфекција на просториите. Цел институт работи на случајот“, изјави Станков.