Додека институциите и политичарите се подготвуваат за официјалната прослава на 30-години независност, други излегоа на протестен марш пред зградата на Владата. Конфедерацијата на слободни синдикати заедно со Независниот полициски синдикат излезгоа на протест.

„Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Праќаме порака како и од последниот протест од 8 мај кога бевме примени од советникот на премиерот, но за жал од таа средба нашите барања останаа нерешени. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови, рече Марјан Ристески.

Доколу бидат игнорирани ќе донесат и други мерки за делување, без разлика што е предизборие, се заканија од Конфедерацијата.