Премиерот Зоран Заев, денеска на обраќањето во Пошта за време на промоцијата на нова поштенска марка по повод 30 годишнината од осамостојувањето, коментираше и за Зоран Милески – Кичеец и за сообраќајката која се случи на Стража.

„За настанот дознав од медиумите. Прво сакам да изразам сочувство до семејството за загинатиот, а на повредените да им посакам побрзо закрепнување од оваа сообраќајка незгода. Разговарав со директорот на Управата за извршување на санкции, и ме информираше дека тој имал целосна документација за лекување. Тоа е право на секој затвореник, како што има право на годишен одмор, има право на викенд, така има право на лекување. За деталите ве упатувам на Управата за извршување на санкции. Не знам зошто се упатил кон Скопје, можеби поради лекарска помош, треба да прашате во Управата“, рече Заев.