Премиерот Зоран Заев најави замена на попишувачите што ќе одбијат да се вакцинираат за да може пописот да се одвива нормално.

„Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните“, изјави Заев.

Пописот ќе почне во недела, на 5-ти септември, и ќе трае до 30-ти септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март.