Во знак на протест што актуелниот градоначалник Герасим Конзулов не доби партиска поддршка за втор мандат за градоначалник, членови на СДСМ во Радовиш го запалија партиското знаме и книшките.

Телевизијата Кобра од Радовиш објави дека на протестот биле приврзаници на актуелниот градоначалник Герасим Конзулов, кои се противат Коле Чаракчиев да биде поддржан од СДСМ за градоначалник на Радовиш.

На овој начин тие го изразуваат нивниот револт што градоначалникот Конзулов нема да биде кандидиран за втор мандат, кој според протестантите покажал како може да се развива радовиш.

„Како може од едно сосема заборавено мало градче со улици кои потсетуваа на минатиот век да се претвори во град кој се развива и напредува“, беше речено на протестот.