Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски смета дека одлуката за неговото исклучување од СДСМ е шверцерска и нестатутарна.
Димитриевски вели дека небулозно е да се каже дека сам се исклучил од партијата.
„СДСМ е узурпирана од неколкумина, кои со своите интриги и манипипулации прават огромна штета кај членството и симпатизерите, а притоа сакаат Куманово да го трансформираат во свој пашалук“, изјавил Димитриевски, за 24Вести.
Од СДСМ остануваат на ставот дека Димитриевски како независен кандидат за градоначалник го прекршил статутот на партијата.
„ Димитриевски им сврте грб на граѓаните кои му дадоа довербата и му сврте грб на СДСМ“, велат тие.