Институтот за јавно здравје соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу заразени има во Скопје, со 209, Куманово 14, а останатите градови имаат под десет заразени.

Оздравени сe 545 пациенти, најмногу од: Скопје 155, Тетово – 118, Гостивар – 113, а останатите градови под 30.

Последните 24 часа починати се 32 лица, 5 од Гостивар, по 4 починати има во Скопје,  Тетово и Кичево. Тројца починале во Струга и двајца во Прилеп и Штип. По едно починат има во Струмица, Гевгелија ,Кочани, Радовиш, Охрид и Делчево.

Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.