Прогласена е вонредна ситуација во Луизијана, Алабама, Мисипи во САД, а милиони луѓе се обидуваат се уште се обидуваат да се евакуираат иако ураганот Ида стигна до брегот.

Авион на Националната управа за океани и атмосфера во неделата рано утро одлета во самиот центар на урганот за да ја испита неговата силина.

Погледнете како изгледа летот во таканареченото око на ураганот.

Имено, ураганот Ида е многу силен и е од четврта категорија. Брзината на ветерот е со 240 км/ч.

Најмалку едно лице го загуби животот, а бројни делови кои опфаќаат околу милион жители се без електрична енергија.