Од 17.020 позитивни на Ковид последните три недели близу 3.000 односно 17 проценти биле вакцинирани. Анализата на ИЈЗ пак покажува дека за 18 месеци од почетокот на пандемијата во земјава се регистрирани 351 случај на реинфекции, од нив 54 лица повторно се заразиле и тоа во текот на изминатите 7 дена.
Од министерството за здравство информираат дека во моментот 89 отсто од хоспитализираните пациенти не се вакцинирани.
Според анализата за три недели од компликации од Ковид во земјава починале 276 лица, од нив 30 биле вакцинирани, но имале повеќе хронични заболувања се наведува во анализата.
Досега во земјава вакцинирани се 703.500 граѓани, а 172.657 имале позитивен ПЦР тест.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.