За само едноденоноќие во Тетово регистрирани се пет починати лица, јавува дописникот на ТВ21. Според информациите од ковид центарот, хоспитализирани се 121 лице.

Од нив со една доза вакцина се шест лица, а целосно вакцинирани со две дози се 5 пациенти.

Во последните 24 часа примени се 14 нови лица во ковид одделението во болницата.