Комисијата за заразни болести реализираше средба со претставниците на угостителските објекти, но сепак ништо не е сменето, актуелните мерки остануваат на сила.

Освен угостителите, со актуелните мерки не се согласува ниту доктор Никола Пановски.

Според него апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале ковид последните 45 дена. Додава дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале ковид-19 да се вакцинираат првите 6 месеци.

Вакцинацијата на лица кои прележале Ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, на место да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба, изјави Пановски.

Инаку и Грција од 13 септември ќе воведе рестриктивни мерки за невакцинираните.  Угостителските објекти и спортските сали можат да ги посетат само вакцинираните лица и тие кои го прележале вирусот последните шест месеци.