Триесетина наши граѓани кои по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, по успешниот трансфер во Истанбул, Турција, вечерва пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје. Тие се евакуирани со помош на војската на САД, која ги евакурала од Кабул до Катар. Потоа македонскиот амбасадор во Катар во рекордно време ги средил сите административни бариери за да можат да полетаат од цивилниот аеродром до Истанбул. Како што велат тие, немале никакви проблеми, ниту виделе Талибанци, биле свесни за својата безбедност, биле малку загрижени, но во текот на својот работен ангажман цело време биле на безбедно во американските воени бази.