Откако минатата недела објави имиња на 26 кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти уште неколку нови имиња. Па, така како што изјави потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, нивен кандидат за Куманово ќе биде актерот Тони Михајловски.  За Ѓорче Петров ќе се тркаат со Александар Стојковски. Еве ги имињата кои ги промовираа денеска.

  • Тони Михајловски за Куманово
  • Александар Стојковски за Ѓорче Петров
  • Дарко Костовски – Бутел
  • Жарко Ристески – Македонски Брод
  • Дејан Владев – Свети Николе
  • Димчо Атанасовски – Македонска Каменица
  • Елеонора Рашковска – Берово
  • Зоран Здравески – Чашка
  • Маријан Миленковски – Пробиштип
  • Миле Петков – Виница
  • Александар Китански – Пехчево