Прашан за ново воведените мерки за заштита од корона вирусот, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, рече дека на тоа гладат како фијаско на власта во однос на справувањето со корона кризата.
Тој потсети дека како партија која од декември, јануари и февруари апелираа да се набават вакцини со цел да се имунизира населението, но, како што рече, власта трчаше по провизии поради кои Македонија не доби на време вакцини – рече тој.
„Времето не се искористи ни во текот на летото да се имунизира населението и затоа сега се оди со едни насилни мерки кои што ги гледаме, кои се репресивни мерки, недоброволни мерки, што покажува за едно целосно фијаско во врска со справување со корона вирусот и со целата оваа пандемија, и затоа целата оваа одговорност е насочена кон власта“, истакна Александар Николовски.