„Четирите семејства со вкупно 14 членови чии бараки пред десетина дена целосно изгореа во пожар, привремено се сместени во изнајмени станови, за кои киријата ќе ја плаќа Општина Прилеп. Откако целосно ќе бидат санирани последиците од пожарот, со помош на неколку градежни фирми и други компании од нашиот град, на сите четири семејства Општина Прилеп ќе им изгради покрив над главата.Со наш целосен ангажман и со помош на општествено одговорни компании, верувам дека до крајот на градежната сезона нашите сограѓани ќе се вселат во новоизградените домови“, напиша на својата официјална facebook страна Илија Јованоски градоначалник на Прилеп.