Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен ги погоди утринава Филипините, јави американската Агенција за геолошки истражувања.
Потресот бил на длабочина од 65,6 километри. Укината е тревогата за појава на цунами и се уште нема извештај за евентуална штета
Филипините се наоѓаат на геолошки активно подрачје и земјотресите се честа појава.























