Шерон Стоун се појави во издание кое испраќа една јасна и гласна порака: годините се само бројка. Оваа комбинација од лежерен стил и модерен гламур го привлече и вниманието на модните критичари.
На настанот „Жени во филмот“ (Wome i Film), одржан во Беверли Хилс, се собраа голем број славни личности.
Иако главниот фокус беше ставен на придонесот на жените во филмската индустрија, прославата немаше да биде целосна без култната Шерон Стоун.
Легендарната актерка носеше црн кожен мантил, кој дополнително ја истакна нејзината заводлива појава. Овој изглед потсети дека Шерон Стоун своевремено ја носеше титулата „секс-симбол“ – докажувајќи уште еднаш дека жената, навистина, може да му пркоси на природниот процес на стареење.
Оваа префинета и ненаметлива комбинација го истакна и нејзиниот безвременски шарм на холивудска дива, кој не избледел со текот на времето; таа го заокружи изгледот со дискретна шминка и елегантна фризура со коса собрана наназад.
Што се однесува до модните додатоци, таа се одлучи за впечатливи, големи обетки и црни чевли со високи потпетици, кои дополнително ја издолжија нејзината силуета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.






















