Словенечкиот премиер Јанез Јанша на социјалните мрежи сподели фотографии од новиот контигент од 52 членови на припадниците на Дирекцијата за цивилна заштита кои ќе допатуваат во Македонија. Тие ќе ги заменат нивните изморени колеги кои веќе неколку дена се борат со пожарите во нашата дражава.
Јанша напиша:
-Храбро Македонија, вие не сте сами во борбата со огнот.
Инаку, Словенија беше една од првите земји кои испратија помош, односно пожарникари и противпожарни возила.
Храбро, Македонија. Вие не сте сами во борбата против огнот. 🇸🇮 🇲🇰 🇪🇺 https://t.co/PYsxqxCvWk
— Janez Janša (@JJansaSDS) August 10, 2021