Вчера објавивме вест дека, непознат јунак, чие име не беше познато за редакцијата, со неговиот мотор ги гаси пожарите, односно на грбот носи „торба“ со вода. Овие херои, мотоциклисти се членови на Ендуро Тим Делчево. Тие во текот на изминатите денови, од раните утрински часови доставуваа храна и пијалоци за на најодалечените и најнепристапните места, како и непрекинато вршеа достава на грбни пумпи со вода, со цел да се стави под контрола огнената стихија.