Пишува Хамди Нухију
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во овие две денови беше мета на голем број медиуми заради неговиот начин на справување со кризите во Кочани, Скопско, Куманово, и Липковско.
Ангелов бара да се награди за начинот како реагирал, според него, експресно, а не да се разреши од позицијата.
Од друга страна, во медиумите се шираат видеа на кои што се гледаат Албанци од општина Липково, односно од село Белановце како тие се справуваат со гаснењето на шумите. Оставени на цедило од Ангелов, сами, без ниту една помош од државата, локалното население од ова село се справуваше со иста катастрофа која што се случи и во Кочани.
Инаку, сите албански политички партии во Република Северна Македонија апелираа да им се помогне на локалното население на Кочани и сами понудија помош во различни форми. Но Ангелов, кој што пред некое време се сликаше во село Слупчане, општина Липково, никако да превземе обврски за да се справи и со катастрофалните последици во село Белоновце и да биде добронамерен со граѓаните на општина Липково.
Ангелов, дали знаеш каде се наоѓа општина Липково, или уште си трауматизиран од конфликтот во 2001 година?
Ангелов, дали знаеш дека и во село Белановце, општина Липково требаше да се гасне пожар, кој што беше опасен за граѓаните на оваа општина?
Ангелов, дали знаеш дека село Белановце се поврзува со коридорот 8, и ги поврзува Северна Македонија со Косово, и е еден многу фрекфентен пат?
Ангелов, дали знаеш дека во ова време од годината во општина Липково има многу печалбари Албанци кои што го полнат буџетот на Република Северна Македонија, и во овие жешки денови тие излегуваат во село Белановце за да се рекреираат?
Сигурен сум дека Ангелов нема да одговори на овие прашања и пак ќе побара од владата на Република Северна Македонија да биде награден за неговиот успех, село Белановце да го избрише од колективната меморија.
Ангелов можеби повторно ќе побара да дојде во општина Липково за да се слика. И сигурен сум дека ќе најде добронамерни луѓе кои што ќе го примаат. Албанците се гостопримливи кон сите. Тие не сакаат да избришаат од колективната меморија ниту еден дел од нашата заедничка држава.
Но едно е сигурно, ниту еден Албанец нема да заборави тоа што господине Ангелов ги оставивте на цедило, сами, да се справаат со една природна катастрофа.
Ќе дојдат други времиња кога ќе се покаже дека во 2021 година, директорот на едно државно претријатие кој што зема плата и од даноците од локалното население во село Белановце не сакаше да слушне дека тие постојат. Историјата е сурова за тие што немаат совест.